„Никси“ ги совладаа „Спарси“

Ноќта помеѓу вторникот и средата во НБА лигата беа одиграни пет натпревари, а најголемото изненадување го направи Њујорк совладувајќи го шампионот Сан Антонио со 104:100.

„Никси“, кои во моментов се последен тим на Истокот, го совладаа шампионот по продолжение и ја забележаа само 14-тата победа во 67 одиграни натпревари, додека Сан Антонио го доживеа 25-тиот пораз оваа сезона.

Регуларниот дел заврши 96:96, откако Ленард промаши шут за победа, па мораше да се играат продолженија, каде шампионот уфрли само четири поени, па Њујорк направи изненадување.

Најефикасен во победничката екипа беше Геловеј со 22 поени, еден повеќе од Швед кој имаше и седум асистенции. Андреа Барњани имаше дабл-дабл од 16 поени и 10 скокови, додека Амундсон имаше 12 поени и 17 скокови.

Кај „Спарси“ Тони Паркер имаше 21 поен, со по шест скокови и асистенции, Данкан имаше 17, а Ленард 13 поени.

НБА резултати:

Детроит – Мемфис 105:95

Њујорк – Сан Антонио 104:100

Хјустон – Орландо 107:94

Њу Орлеанс – Милвоки 85:84

ЛА Клиперс – Шарлот 99:92