Нил Јанг на интернет го објави целиот свој музички архив

Легендарниот канадски рокер Нил Јанг на интернет го стави својот богат музички архив кој го собирал во текот на својата кариера долга половина век.

Потегот досега е незапаметен за музичар од негова големина. Го објави, исто така, новиот албум, силно одбележан со активизам против актуелниот американски претседател Доналд Трамп.

Седумдесет и двегодишниот Нил Јанг во петокот онлајн ги постави сите свои албуми кои може да се слушаат во стриминг проследени со стиховите, видео снимки, известувања за неговите турнеи, но и библиографски податоци, како и други работи.

За да го одбележи овој настан, Нил Јанг во петокот приреди соло концерт емитиран во живо од салата со 225 седишта во Омами, рурално гратче во сојузната држава Онтарио каде што музичарот го минал детството.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.