Македонија,Политика

Нимиц доаѓа во Македонија и во Грција на нова рунда разговори за името

Нимиц доаѓа во Македонија и во Грција на нова рунда разговори за името

Медијаторот Метју Нимиц во наредните неколку недели ќе ги посети Македонија и Грција, на нoва рунда разговори за прашањето за името.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, оваа информација доаѓа од постојаниот претставник на Грција во ОН, амбасадорот Михалис Спинелис, кој говореше на конгрес на американската асоцијација на Грците во Њујорк.

Во врска со преговорите за името на Македонија, Спинелис рекол дека Грција учествува „со добра волја“.