Нимиц доаѓа во Македонија на 28 јули

Посредникот во разговорите за спорот за името, амбасадорот Метју Нимиц, на 28 јули ќе ја почне посетата на Македонија и Грција.

Според соопштението на ОН, Нимиц првo ќе допатува во Македонија, на 28 и 29 јули, а потоа ќе замине на средби во Атина на 30 и 31 јули.

„Целта на средбите е да се интезивираат разговорите под покровителсто на ОН насочени кон изнаоѓање на взаемно прифатливо решение за спорот за името“, пишува во соопштението на ОН.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.