Нинчевиќ потпиша за Бешикташ

Хрватскиот интернационалец Иван Нинчевиќ, доскорошен ракометар на веќе распаднатиот тим Динамо Минск ќе биде ново засилување на турскиот тим Бешикташ.

По настапите за Динамо Минск и Фуксе Берлин, левото крило Нинчевиќ се реши за преселба во турско првенство и тимот на Бешикташ кој сепак ќе се пријави за настап во квалификациите за Лигата на шампионите, но мали се шансите за пласман во групите.