„Нисан“ предвидува продажба на 5,65 милиони возила

Јапонскиот производител на автомобили „Нисан“ до 1 април идната година предвидува продажба на 5,65 милиони возила. Лани компанијата продаде 5,188 милиони возила.

Оваа групација, во која главен акционер е францускиот произведувач на автомобили „Рено“, до март годинава оствари за 14 отсто повисок нето профит во однос на предходната година, вкупно 2,77 милијарди евра, додека оперативниот профит порасна за 13,6 отсто, пренесе Ројтерс.

За тековната година „Нисан“ очекува нето профит од 405 милијарди јени што би било раст од 4,1 отсто.

Пресметките на компанијата се правени според курсот 100 јени за долар и 140 јени за еврото.