Нишани: Косово е Ерусалим на Албанците

Поранешниот албански претседател, Бујар Нишани коментирајќи ги најавите за промена на границите на Косово, рече дека „Косово е Ерусалим на Албанците”.

Тој се придружи на коментарите и критиките кон косовскиот претседател, Хашим Тачи поради неговата изјава за корекција на границата меќу Косово и Србија. Нишани притоа го оправдува својот став дека секој Албанец е заинтересиран за косовското прашање.

Кога велам дека Косово е Ерусалим на Албанците, фактички тврдам дека секоја состојба на Косово не е само битно прашање за Косово, туку и за сите Албанци каде и да живеат, рече Нишани.

Албанската десница во земјата и понатаму продолжува со острите реакции на адреса на косовскиот претседател Хашим Тачи. Покрај политичарите, критики упатија и албанските медиуми и аналитичари блиски до десницата.