Ниш: Сопственик на фабрика за мебел се полил со бензин и се заканува дека ќе се самозапали

Зоран Цекиќ сопственик на фирмата за производство на мебел „Еуростил“ се качил на покривот на производствениот погон во близина на Ниш, се полил со бензин и се заканува дека ќе се самозапали.

Причина за ваквиот вид на протест е намерата на државната инспекција да го урне производствениот погон бидејќи е изграден без дозвола.

Застапникот на Цекиќ, како што пенесуваат српските медиуми,  истакнал дека тој има поднесено барање за легализација и дека урбанистички план за тој дел не постои, а со тоа не постои ни основа за уривање.

На местото на настанот во моментов се наоѓаат десетмина полицајци, пожарникари и екипа на брзата помош.