Нишикори го освои Мемфис – повторно

Јапонскиот тенисер Кеи Нишикори како по традиција повторно го освои турнирот во Мемфис.

Петтиот светски рекет во финалето славеше против Кевин Андерсон со 2:0 (6:4, 6:4) и по трет пат едноподруго ја освои титулата на овој тениски турнир.

За Нишикори, ова е прва титула во 2015 година или вкупно осма во кариерата. Претходната година, тој освои дури четири трофеја. Андерсон, пак, го загуби своето седмо финале во кариерата и остана на две освоени титули.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.