Нишикори и Мареј ќе го отворат Мастерсот во Лондон

Осум тенисери, поделени во две групи ќе се борат за една од најпосакуваните титули во светот на тенисот.

Турнирот ќе започне на 9-ти ноември, а ќе го отворат тенисерите во групата “Б”. Кеи Нишикори и Енди Мареј својот дуел ќе го започнат во 14:00 часот, додека истиот ден, во 20:00 часот ќе се сретнат Роже Федерер и Милош Раониќ.

Наредниот ден во “А” групата ќе играат Станислас Вавринка и Томаш Бердих, со почеток од 14.00 часот, додека најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ ќе игра против Марин Чилиќ од 20.00 часот.

Новак Ѓоковиќ е актуелен бранител на титулата на Мастерс турнирот во Лондон.