Нишимура ја дели правдата на дуелот Бразил – Хрватска

Најпознатиот судија од Јапонија, Јуничи Нишимура ќе ја има таа чест да ја дели фудбалската правда на премиерниот натпревар од Светското првенство во Бразил. Светската фудбалска организација (ФИФА) се уште со официјално соопштение нема потврдено кој судија ќе ја дели правдата на воведниот натпревар, но изворите блиски до ФИФА потврдија дека таа чест ќе му биде доделена на најдобриот судија од Азија.

Нишимура веќе 10 години го носи амблемот на ФИФА, а ја делеше правдата и на претходниот Мундијал во Јужна Африка, каде беше главен судија на натпреварите Ууругвај – Франција и Бразил – Холандија, а беше и четврти судија за време на финалниот натпревар помеѓу репрезентациите на Шпанија и Холандија.