Ништо од најавениот трансфер во Вардар – Чупиќ продолжува со Кјелце

Иако Иван Чупиќ беше најавуван како едно од најголемите засилувања за тимот на Вардар, очигледно овој “дил”, барем во блиска иднина нема да се случи.

Веднаш по завршувањето на Светското првенство во Катар, каде Чупиќ покажа одлични игри за Хрватска, раководството на Кјелце побрза да му понуди нов договор со кој ќе го задржи во полскиот тим. На нивно огромно задоволство, Хрватот ја прифати понудата и ја продолжи верноста кон својот досегашен клуб за уште три сезони.

“Горди сме што постигнавме договор за да го задржиме Иван во нашиот клуб. Неговото останување е доволен доказ за највисоките цели што ги имаме поставено како клуб” – гласеше кратката изјава на претседателот на Кјелце, Бертус Сервас.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.