Бразил2014

Ништо од најавеното чудо на Неимар

Ништо од најавеното чудо на Неимар

Сензационалната информација, пласирана од бразилските медиуми дека тешко повредениот Неимар ќе се опорави и биде во комбинација за финалниот натпревар, експресно е демантирана од репрезентативниот доктор на Бразил, Хозе Лузи Рунко.

Крилниот напаѓач на Барселона заработи тешка повреда за време на четвртфиналниот дуел против селекцијата на Чиле, а лекaрскиот преглед покажа дека Неимар има скршен пршлен и мора да паузира во следните 30 дена.

“Нема ни теоретска шанса, Неимар да заигра во финалниот натпревар. Да, може да биде покрај репрезентативните колеги, но нема да биде на зелениот терен. Тука нема ни теоретска шанса. Не сакам да создадам некаква илузија, не сакам да форсирам некаква приказна за некакво чудо. Бразил нема друга опција на располагање, Неимар не е во комбинација за полуфиналниот дуел против Германија и за евентуалниот финален натпревар. Неимар е тешко повреден и мора да ја лечиме таа повреда. Нема место за никаков ризик, а со било каков ризик, можно е да ја уништиме неговата професионална кариера”, изјави Рунко.