Nissan призна фалсификувањe на податоците за емисиите на штетните гасови

Јапонскиот производител на возила „Nissan“ објави во понеделникот дека открил фалсификувани податоци на тестовите за емисиите на штетните гасови во полемиот број од неговите погони во Јапонија.

Податокот за бројот автомобили чиишто емисии на штетните издувни гасови се фалисфикувани не е објавен. Од „Nissan“ само наведуваат дека тестовите за емисиите на овие гасови и потрошувачката на горивата „отстапуваат од пропишаното тестирачко опкружување“. Додаваат, исто така, дека инспекциските извештаи се „темелеле на извонредни мерни вредности“ и ветуваат „целосна и сеопфатна истрага“.

Минатата година „Nissan“ отповикаа 1,2 милиони возила во матичната земја Јапонија, по објавувањето на регулаторот дека безбедносните проверки не се спроведени во согласност со стандардите. Дополнителната истрага резултираше со актуелното соопштение за фалсификување на податоците на тестовите за емисиите на штетните гасови и економичната потрошувачка на горивата.

Признанието на јапонски „Nissan“ се надоврзува на огромниот скандал со лажирањето на податоците за емисиите на штетните гасови на дизел моторите на германски „Volkswagen“, кому германското правосудство во јуни му одмери казна од милијарда евра поради продажба на повеќе од 10 милиони возила со измамничкиот софтвер од средината на 2007 до 2015 година.