Ниту 51 поен на Џејмс не беа доволни за победа на „Кливленд“

Актуелниот шампион во НБА лигата, „Голден Стејт“ оствари прва победа во големото финале против „Кливленд“ во спектакуларен меч, полн со драма и по продолжение од пет минути. Шампионот беше пред пораз, но по промашеното слободно фрлање на „Кливленд“ домаќините се вратија во игра и во продолжението победија убедливо со 124:114.

Мечот го одбележа уште еден извонреден меч на Леброн Џејмс, кој постигна 51 поен и по 8 скока и асистенции. Тој беше константно добар со малку изгубени топки и голем процент на шут. Натпреварот почна изедначено, во првата четвртина двата тима се менуваа во водство, а во втората четвртина „Кливленд“ благодарение на двојно повеќе скокови оствари и 11 поени разлика. Сепак, на полувремето резултатот беше изедначен 56:56, а неизвесноста продолжи во втората половина на мечот, Домаќините третата четвртина ја добија со 28:22, и во овој период од играта „Вориорси“ во изминативе натпревари редовно правеа разлика со која се враќаа во мечот или го добиваа, но ноќеска тоа не беше случај.

„Кливленд“ успеа да го задржи едноцифрено водството на „Голден Стејт“, а во последната четвртина усеаја да преминат во водство, кое го испуштија во самиот финиш. Гостите имаа 106:105, но „Вориорси“ преминаа во водство 107:106, па последниот напад го имаше „Кливленд“. Гостите не дојдоа во позиција за шут, но судиите свирнаа фаул врз Џорџ Хил во рекетот, кој беше без топка. Хил го погоди првото фрлање, но второто го промаши, иако „Кливленд“ ја освои топката со офанзивен скок на Џ.Р. Смит, тој не се обиде да шутне, ниту да влезе во рекет да изнуди фаул, туку топката ја префрли кон центарот на теренот, па шансите за триумф беа изгубени.

А од кога „Кливленд“ ја пропушти шансата, казната брзо стигна од домачините, кои убедливо го добија продолжението.Ваквата ситуација беше многу разочарувачка за гостите, така што во последните моменти за малку ќе дојдеше до тепачка меѓу Тристан Томпсон и најдобриот одбрамбен играч на домаќините, Драјмонд Грин.

Кај „Голден Стејт“ најдобри беа Стеф Кари со 29 поени, шест скока и девет асистенции, Кевин Дурант со 26 коша, девет скока и шест асистенции и Клеј Томпсон со 24 коша. Џејмс остана без вистинска подршка од соиграчите, па Кевин Лав уфрли 21 поен, а Џ.Р. Смит десет коша. „Кралот“ вчера го изедначи рекордот на Џери Вест со 8 натпревари во плеј-офот со 40 и повеќе кошеви, а му се придружи на Мајкл Џордан на листата играчи кои постигнале 50 и повеќе поени на натпревар од финалето на доигрувањето.
Вториот нтпревар од серијата се игра во недела навечер исто така во Оукленд.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.