Ниту еден напад не е регистриран во Украина изминативе 24 часа

Украинските сили втор ден не претрпеле жртви во источна Украина, не е регистриран ниту еден напад изминатите 24 часа и можат да почнат со повлекување на тешкото вооружување од линијата на разделување, пренесува МИА.

Портпаролот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Андриј Лисенко изјави дека изминатото деноноќие не е регистрирани ниту едно нарушување на спогодбата за прекин на огнот.

– Создадени се сите услови за почнување подготвка за повлекување на тешкото вооружување, рече Лисенко.

Тој додаде дека силите на Киев не дале ниту една жртва веќе втор ден, но четворица војници биле ранети.