Свет

Ниту еден од Кинезите во авионот не бил поврзан со тероризам

Ниту еден од Кинезите во авионот не бил поврзан со тероризам

Со проверката на сите Кинези кои што биле во исчезнатиот малезиски авион е утврдено дека никој од нив не бил поврзан со тероризам, а Кина почна потрага по авионот на своја територија, изјавил кинескиот амбасадор во Куала Лумпур, Хуанг Хуиканг.

Тој рекол дека во истрагата не е пронајден ниту еден доказ кој што би укажувал на тоа дека некој од 154-те кинески патници во авионот е вмешан во киднапирање или некој акт на тероризам.

Тоа би требало да стави точка на шпекулациите дека уругвајски муслимански сепаратисти во кинеската провинција Синџанг, на далечниот запад на Кина, можеби се вмешани во исчезнување на авионот.