Балкан

Ниту една членка на ЕУ не побара повторно воведување на визите за земјите од западен Балкан

Ниту една членка на ЕУ не побара повторно воведување на визите за земјите од западен Балкан

Досега ниту една земја членка на Европската унија не побарала суспензија на безвизниот режим за Србија или за било која друга земја од западен Балкан, велат извори за српски „Танјуг“ во Брисел.

„Нема разговори за започнување на заштитната клаузула, па дури нема ни најава тоа да биде направено“, вели дипломатот од Брисел, кој инстистирал на анонимност.

Европската пратеничка за внатрешни работи, Сесилија Малстром вчера рече дека некои земји веќе неформално разговарале за заштитната клаузула, која предвидува можност за суспензија на безвизниот режим за земјите од каде што доаѓаат најмногу лажни азиланти.

Но, изворот на „Танјуг“ тврди дека малку е веројатно активирањето на овој механизам, со оглед на тоа што земјите од западен Балкан преземаат мерки за целосно спречување на лажните азиланти.