Ниту гениј не може да го сопре Мерцедес

Според сивата еминенција на Ред Бул, д-р Хелмут Марко ниту гениј не може да ја сопре доминацијата на Мерцедес, сезонава во Формула 1.

„Ниту гениј не може да ја запре доминацијата на Мерцедес. Кај нас работат најдобрите дизајнери, но ние немавме никакви шанси да победиме на првите три трки сезонава. Болидите треба да имаат моќен мотор, а не само аеродинамика која зависи од нас и секогш била на ниво нанашите болиде. Се надевам дека од Рено ќе ја завршат работата и ќе помогнат да бидеме поконкурентни на трките во Европа . Доколку не се подобриме за трките на европско тло , тогаш за нас сезоната ќе биде исцрпувачка”, призна Марко.