Ниту Груевски и Заев вечерва се сретнале, ниту лидерска средба ќе има

Никаква средба немало вечерва меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, како што се шпекулираат некои проопозициски медиуми, дознава Нетпрес од партиски извори.

Според нив, ниту било договорено, ниту пак имало средба на претседалот на ВМРО ДПМНЕ и Премиер на Македонија, Никола Груевски, со првиот човек на опозициската СДСМ, Зоран Заев.

Вечерва некои проопзициски медиуми објавија лажна вест дека наводно вечерва ќе се случела средба.

Нашиот извор вели дека оваа информација е обична лага, и дека ништо не е точно.

liderskaaa_sredba_kanal5Исто така, денеска речиси сите до еден медиуми блиски до опозицијата, објавија дека утре наводно ќе се одржела нова лидерска средба, а на која требало премиерот Никола Груевски и Зоран Заев да објават дали постигнале договор или не околу преодната влада.

Но, Нетпрес дознава дека тоа нема да се случи.

Лидерска средба утре нема да има. Иако опозициските медиуми продолжуваат да шират лаги и манипулации, едно е сигурно – Ниту Груевски и Заев вечерва се сретнале, ниту лидерска средба ќе има.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.