понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 0

Ниту Саудиска Арабија, ниту Русија – Која земја има најголеми нафтени резерви?

nafta

Поврзани вести

Во извештајот се вклучени постоечките нафтени наоѓалишта, новите проекти, неодамна откриените полиња, како и проекциите за неоткриените наоѓалишта.

САД се земјата што располага со најголем број нафтени резерви во светот, се наведува во извештајот на Ристад Енерџи каде се проценува дека Америка лежи на неверојатни 264 милијарди барели „црно злато“.

Сепак, повеќе од половината од нафтата со која што располагаат САД мора да се вади од шкрилци што е можно од неодамна благодарение на новите технологии. Благодарение на шкрилците, САД го променија енергетскиот пејсаж на светот и се изкачија на самиот врв на ранг листата на нафтени производители.

-Ова што се случи (вадењето од шкрилци) беше револуција. Пред 10 години никој не сонуваше дека резултатот ќе биде ваков, вели Шаранд Ристад генерален директор на Ристад Енерџи.

На ранг листата на земји со најголеми нафтени резерви веднаш зад САД е Русија која располага со 256 милијарди барели, а зад нив се Саудиска Арабија (212), Канада (167), Иран (143) и Бразил (120).

Најчитани вести