Ниту трага ниту глас од Давид Јосифовски во Австралија

Од дваесет и петгодишниот Давид Јосифовски кој живее во Австралија нема ниту трага ниту глас веќе една недела.

Тој утрото на 11 јули околу 6,30 часот бил оставен на аеродромот во Перт, но не се качил на ниту еден авион, и оттогаш нема никаква информација за него.

Давид има 25 години, има тетоважа на раката, крст со македонско сонце и изразита тетоважа на целиот грб.  Тој не ја напуштил државата ниту пак такво лице било пријавено во некоја болница.

Неговото семејство повикува на помош.

Во Австралија годишно како исчезнати се пријавуваат околу 35.000 лица или едно лице на секои 15 минути.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.