Нивес Целзиус направи песна за новата хрватска претседателка

Нивес Целзиус го сними видео спотот за новата песна „Колинда“ во пресрет на инаугурацијата на новата хрватска претседателка Колинда Грабар – Китановиќ.

Станува збор за препев на песната на Зденка Вучковиќ од 1967 година, според која новата претседателка го добила името.

Овој спот привлече многу внимание и доби повеќе од 233 илјади прегледувања, околу 2.000 лица кои го прегледале видеото не се задоволни од спотот.

Наспроти ова, само 760 лица кои го погледнале видео спотот, означиле дека им се допаѓа.

фото: index black