Нивото на грчката река Еврос на алармантно ниво

Властите во североисточната грчка област Еврос од синоќа се во состојба на зголемена готовност поради постојаното зголемување на нивото на водата во истоимената река.

Во меѓувреме, бугарските власти одлучија денеска да ја отворат браната Ивајловград за да се справат со поплавите по поројните дождови, пренесува МИА.

Заменик-гувернерот на Еврос Димитрис Петрович потврди дека тешките временски услови и обилните дождови во последниве денови го зголемиле нивото на водата во реката.

– Ја следиме ситуацијата и подготвени сме да интервенираме со цел да се избегнат мали или големи поплави, изјави тој за државната новинска агенција АНА МПА.