Нивото на Охридско Езеро под дозволениот минимум

охридското

Според УХМР, со намалувањето на испустот на водата од Охридското Езеро кај Струга се очекува во наред

ниот период нивото на Езерото да стагнира па постепено да расте.

Дозволениот минимум на Охридското Езеро е на котата 693,10 метри, а утрово беше 693,05 метри.

Водостоите на реката Вардар во седум часот утрово биле, 90 сантиметри кај Јегуновце, 44 кај Скопје, 75 кај Велес и 1,1 метар кај Демир Капија што, наведува УХМР, е подпросечна вредност за јануари. Иста е состојбата и на Треска, Пчиња, Крива Река, Брегалница, Струмица, Црна Река и Сатеска. 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.