Нивото на Охридско, Преспанско и Дојранско Eзеро во рамки на просекот

Нивото на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро е во рамки на просекот за ноември, соопшти УХМР.

Според денешните хидролошки мерења, отстапувања бележат дел од водостоите на реките.

Со пониско ниво од просечното се Треска кај Македонски Брод, Крива Река кај Крива Паланка, Пчиња кај Катлановска Бања, Црна Река кај Новаци, Вардар кај Демир Капија и Сатеска кај Ботун.

Останатите водостои на реките се во рамки на просекот за месец ноември.