Нивото на Охридското Езеро девет сантиметри над дозволениот минимум

Според неделната хидролошка состојба, водостоите на реките Вардар кај Јегуновце, кај Скопје, кај Велес и кај Демир Капија, Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања, Крива Река кај Крива Паланка, Брегалница кај Штип, Струмица кај Сушево, Црна Река кај Новаци и Сатеска кај Ботун, се под просекот за март.
Драстично пониско е нивото на Црн Дрим кај Ложани, се движи меѓу 31 и 41 сантиметар наспроти мартовскиот просек од 127 сантиметри.