Низ Македонија досега 145.834 мигранти, само вчера 2.555

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден издало 2.555 потврди за остварување на правото на азил на мигранти.

Од нив 1.444  се од мажи, 394  се жени, 638 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 79 деца кои патуваат без родител.

Најбројни Сиријците

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 1.356, на Авганистан 791, на Ирак 271, додека другите се во помал број.

Издадени вкупно 145.834 потврди

Во периодот од 19 јуни годинава до денеска издадени се потврди на вкупно 145.834 странски државјани, од кои 94.279 се од машки пол, 19.832 се од женски, 26.002 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 5.721 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 101.259, потоа Авганистан 23.557, Ирак 10.457, Пакистан 3.565, Иран 1.482, Палестина 1.451, Сомалија 794, Бангладеж 791, Конго 436, Нигерија 241, Камерун 207,  Еритреја 201, додека останатите се во помал број.

Изминатото деноноќие до Одделението  за азил не се поднесени  барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението  за азил се поднесени 70 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 15.10.2015 година евидентирани се 2 баратели на азил – мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 4 баратели на азил ( малолетно лице без придружба на старател, малолетно лице  со придружба на старател и двајца  мажи )  се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика, соопшти МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.