Македонија

Низ Македонија досега поминале 158.435 мигранти

Низ Македонија досега поминале 158.435 мигранти

МВР во текот на изминатиот ден издало потврди на вкупно 2.696 мигранти, од кои 1.270  се од машки пол, 504се од женски, 806 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 116деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, соопшти денеска МВР, најбројни се државјаните на Сирија 1.857, од Авганистан 362, Ирак 309, додека другите се во помал број.

Од почетокот на законските измени за азил издадени се потврди на вкупно 158.435 мигранти, од кои 100.870 се од машки пол, 22.036 се од женски, 29.024 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 6.505 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 108.772, потоа од Авганистан 26.180, Ирак 12.006, Пакистан 3.744,Иран 1.896, Палестина 1.533, Сомалија 827, Бангладеж 828, Конго 450, од Нигерија 246, Камерун 218,  од Еритреја 204, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 20.10.2015 година до Одделението  за азил се поднесени 70 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во периодот од 08,00 часот на 19.10.2015 до 20.10.2015 година во 08,00 часот до Одделението  за азил не се поднесени  барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.