Низ Македонија минале 127.553 мигранти

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден издало нови 2.569 потврди за барање азил на мигранти.

Од применувањето на законските измени до денес издадени се потврди за барање азил на вкупно 127.553 мигранти.

Границата кај Гевгелија ја минале 1.512 лица од машки пол, 369 женски, 553 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 135 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, како што соопшти МВР, најбројни се државјаните на Сирија-1.463, Авганистан –707, Ирак-234, додека другите се во помал број.

Поднесени 18 нови барања за азил

До Одделението за азил во текот на вчерашниот ден поднесени се 18 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 14 барања се од државјани на Сирија, од нив пет за деца и по две барања од државјани од Либан, Палестина, (три од барањата се за деца).

Вкупно 68 барања за азил

Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението за азил се поднесени 68 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Две мигрантки се породиле во Скопје

Во текот на последните 24 часа на Универзитетска Клиника за гинекологија и акушерство Скопје породени се со нормално породување две мигрантки од Сирија и Авганистан.

Црвениот крст активно спроведува мерки

Во континуитет се спроведуваат и превземаат општите превентивни мерки за дезинфекција и дезинсекција, при што извршена е комплетна дезинсекција на Транзитниот центар Гевгелија, како и комплетна дезинфекција на Транзитниот центар Гевгелија и Пунктот за помош во Табановце и дезинфекција на превозот од железничкиот сообраќај.

Во дисперзираната амбуланта во Транзитниот центар  Гевгелија пружена е здравстевна заштита на 15 мигранти и еден транспорт до Општата болница во Гевгелија.

Мобилните тимови на Црвениот крст, во периодот од 21.00 часот на 7 октомври до 21:00 часот на ГП Табановце укажале прва помош на 161 лицe, транспортирале едно лица до Кумановската болница, донирале 444 шишиња вода, 16 кутии бисквити, 37 пакувања двопек и друго.

Во Гевгелија е укажана прва помош на 1.067 лица и донирана храна.