Низа проекти за Струмица во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ

Во новата програма се предвидува и реконструкција на патната делница Струмица – Ново село граница со Бугарија во должина од 10 километри. Се предвидува и реконструкција на локалниот пат од Мокрино до Смолари со што ќе се обезбеди подобар пристап до граничниот премин Ново село.Предвидуваме изградба на локалниот пат од Водоча до браната Водоча и реконструкција на локалниот пат до Сачево.

Ова се дел од проектите наменети за Струмица, а напишани во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ „Проверено“ која вечерва во Струмица ја промовираше лидерот на партијата Никола Груевски.

„За подобро наводнување на струмичкото поле предвидуваме изградба на брана со мала акомулација за наводнување во Костурино како и реконструкција на главниот канал за наводнување Владевци Добрејци“, посочи Груевски.

Тој истакна дека предвидена е изградба и довршуваше на Општата болница во Струмица со површина од 6.000 метри квадратни каде ќе се сместат Ургентниот центар, хирургијата, геникологијата и неколку амбуланти.

Груевски додаде дека ќе ја довршат градбата на стариот струмички театар, со што Струмица ќе добие театар по најсовремени светски стандарди.

Во прогрмата на ВМРО-ДПМНЕ планирани се и изградба на три училишни спортски сали, градба на едно фудбалско игралиште со вештачка трева, изградба на две повеќе наменски спортски игралишта и изградба на четири тениски терени како и многу други проекти.