Њујорк ги забранува и електронските цигари на јавни места

Во Њујорк ќе биде забрането пушењето на јавни места не само на обичните цигари, туку и на електронски. Градскиот совет вчера го одобри соодветниот предлог закон. Забраната ќе се применува не само во кафулињата, рестораните и канцелариите, туку исто така и во градските паркови и на плажите, пренесуваат локалните медиуми.

Во следните денови законот треба да биде потпишан од страна на градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг, кој е жесток противник на пушењето. Четири месеци по потпишувањето, законот влегува во сила.

Електронските цигари се сметаат за безопасен аналог на обичните цигари. Според производителите , тие не содржат канцерогени супстанци и пушачите вдишува само чист никотин и ништо повеќе. Технолошката замена на тутунот дури се гледа како средство за откажување од пушењето. Во исто време, според некои научници, електронска цигара не е толку безопасна и дури може да доведе до поголема зависност отколку обичните цигари.

Поддржувачите на законот велат дека оваа мерка е во заштита на човековото здравје и ќе помогне за спречување на ширењето на пушењето меѓу тинејџерите.

Во исто време, многу пушачи на електронски цигари се разочарани од усвојувањето на овој предлог-закон .

„Сега луѓето кои се обидуваат да ги откажат цигарите со помош на електронски цигари, треба да излегуваат на улица и да застанат до вистинските пушачи“, велат револтираните њујоркчани.

Во моментов забраната за пушење на електронски цигари на јавни места е во сила во три американски држави, Јута, Северна Дакота и Њу Џерси.