Спорт

Њујорк конечно победи, Лејкерси и понатаму тонат

Њујорк конечно победи, Лејкерси и понатаму тонат

ЛА Лејкерс продолжува со лошите игри на почетокот на НБА сезоната.

Првата звезда на тимот, Коби Брајант повторно играше симултанка, но како и претходно, тоа беше недоволно за Лејкерси конечно да слават. Тој постигна залудни 44 поени, бидејќи Стеф Кари и дружината славеа со 115:136. Токму Кари беше најпрецизен во својот тим со 30 поени, на кои надополни и 15 скокови.

Она што никако неможе да им појде од рака на “езерџиите”, го сторија кошаркарите на Њујорк. Тие славеа против Денвер со убедливи 109:93, со што ја прекинаа серијата од неколку последователни порази. Џ.Р. Смит и Кармело Ентони постигнаа по 28 поени, додека кај “нагетси” најпрецизен беше Афало со 18 поени.

НБА резултати:

Њујорк – Денвер 109:93
Мајами – Милвоки 84:91
Оклахома – Хјустон 65:69
ЛА Лејкерс – Голден Стејт 115:136