Њујорк планира да ги истреби лебедите

За десетина година во Њујорк ќе нема лебеди, градските власти планираат да ги истребат овие грациозни птици бидејќи според нив се опасни,  ги напаѓаат луѓето, ја уништуваат вегетацијата и ги загрозуваат локалните животински видови.

Оваа идеја доаѓа откако авион на „Ју Ес Ервејс” се судри со јато гуски во јануари 2009 година над Њујорк, принудувајќи го пилотот да слета на реката Хадсон, американското министерство за земјоделство секоја година го ограничува бројот на гуски од Канада.

Државата Њујорк сака да ја прошири борбата со лебедите поради „заштита на интегритетот на екосистемот”. Гнездата на лебедите ќе бидат уништени, а јајцата стерилизирани.

Голем број на граѓани и заштитинци на животните се против оваа скандалозна одлука, сметајќи дека е нехумано што некој сака да истреби животински вид кој живее тука повеќе од 150 години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.