Њујорк планира да гради воздушна трамвајска пруга

Властите во Њујорк, со цел да го олеснат сообраќајот ја разгледуваат можноста за изградба на воздушен трамвај со кој од Бруклин до Менхетен би се стигнувало за неколку минути.

На жителите на Њујорк им е тешко да се превезуваат до работа и назад. Секој ден илјадници луѓе патуваат од Бруклин на Менхетен во преполната железничка станица или на ферибот со возила во долги колони преку мостовите кои го спојуваат најпознатиот остров на светот со другиот дел од градот.

– Овој сообраќаен колапс може да се избегне со поставување на жичара- смета градежниот претприемач Даниел Ливај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.