Њујорк пост: Не е исклучена можноста за координирани напади врз православните цркви

Шефовите на главната пожарникарска служба на градот Њујорк (ФДНУ) истражуваат за тоа дали пожарот врз Соборната црква Свети Сава на Менхетн е поврзан со пожарите во православни цркви во Австралија и Русија, објавени денеска „Њујорк пост“, кој се повикува на неименувани извори.

Истите извори објасниле дека не е исклучена можноста дека станува збор за координирани напади врз православната вера, наведува њујоршкиот весник.

Сакаме да утврдиме дали постои каква било врска (меѓу пожарите), изјавил извор близок со истрагата, додавајќи дека претставниците „се обидуваат да добијат информации од прва рака“, од црквите во Австралија и Русија.

Неименуваните извори констатирале дека пожарите избиле во ист ден и дека црквите во кои се случиле припаѓаат на иста вера.