петок, 28 јули 2017  |  Вести денес: 0

„Њујорк пост“: Неизгаснати свеќи причина за пожарот во црквата „Свети Сава“ во Њујорк

Kлисарот случајно го предизвикал пожарот на 1 мај, со тоа што не ги изгаснал свеќите и оти не се очекува покренување на кривична постапка против ниту една личност.

„Њујорк пост“: Неизгаснати свеќи причина за пожарот во црквата „Свети Сава“ во Њујорк

„Њујорк пост“: Неизгаснати свеќи причина за пожарот во црквата „Свети Сава“ во Њујорк

Последни вести

Портпаролот на њујоршката Противпожарна служба Френк Грибон изјави дека пожарот, во кој минатиот месец беше уништена 160 години старата српска црква на Менхетен бил предизвикан од свеќи, кои клисарот ги оставил да горат за време на Велигден.

Весникот „Њујорк пост“, кој ја пренесува изјавата на Грибон нагласува дека тоа значи дека пожарот „не го предизвикале разлутени Хрвати“.

– Нашите иследници утврдија дека свеќите, кои не биле целосно изгаснати, го предизвикале пожарот, истакна Грибон.

Весникот пишува дека иследниците во остатоците од српската црква „Свети Сава“ во Западната 25. улица успеале да пронајдат докази дека клисарот случајно го предизвикал пожарот на 1 мај, со тоа што не ги изгаснал свеќите и оти не се очекува покренување на кривична постапка против ниту една личност.

Најчитани вести