Њујорк Тајмс го демантира Бан Ки Мун

Фондот на ОН за борба против ебола има само 100 илјади долари, а не 20 милиони долари како што вчера соопшти генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, пишува Њујорк тајмс.

„Оние 20 милиони долари кои Бан Ки Мун изјави дека се уплатени и потрошени е вкупниот изност на пари кој е ветен фонд на ОН, но не е исплатен,“ пишува весникот и додава дека единствено Колумбија дала 100 илјади долари.

Њујорк тајмс наведува дека и кога ќе бидат исплатени сите пари тоа ќе биде „далеку од милијарда долари кои се неопходни на ОН за на ефикасен начин да се бори против ебола, болест од која починаа 4500 лица.“

Бан вчера изјави дека во фондот на ОН се уплатени 20 милиони долари, но дека најголемиот дел е потрошен во борба против ебола и дека останале 100 илјади долари.

Генералниот секретар на ОН ја повика меѓународната заедница да обезбеди една милијарда долари кои ќе овозможат до 1 декември да се намали стапката на пренос на заразата.