17.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

„Њујорк тајмс“ ја вброи Галичка свадба меѓу деветте најдобри фестивали во Европа

Магазинот „Њујорк тајмс“ одреди 9 европски фестивали кои им ги препорачува на секој турист. Меѓу нив е и македонската Галичка свадба.

Според секој стандард, Галичник, Македонија, е мало место, пишува репортерот на Њујорк тајмс, и продолжува: Само двајца жители живеат во ова планинско село, скриено во масивот Бистра, околу шест милји источно од албанската граница. За време на годишниот свадбен фестивал на селото – што се одржува за време на викендот кој е најблиску до 12 јули, или на Денот на Свети Петар за православните христијани – бројот на населението кулминира. Илјадници патници и сограѓани кои се враќаат ги исполнуваат инаку тивките куќи сместени на стрмните падини за тридневно збогатување на веселбата, обредите, поворките и ритуалите кои кулминираат со склучување на бракот на претходно избраната двојка која потекнува од Галичник.

-Фестивалот започна во 1950-тите, користејќи обичаи кои се стари со векови, вели Марко Бекриќ, внукот на единствените жители на годината.

Од мај до ноември,  Бекриќ работи овде со туристи кои сакат да изнајмат велосипеди за возење и пешачки тури, но истовремено помага во управувањето со куќи и ресторани на семејството.

Тоа започна така што луѓето од селото, кои емигрирале или се преселиле, можеле да се вратат, да стапат во брак и да ги продолжат нашите традиции. Во минатот се одржувале по десетици свадби во еден ден, вели Марко.

Очекуваните датуми за одржување на овогодишниот свадбен фестивал се петок, 13 јули – 15 јули. Кога сонцето ќе изгрее во петокот наутро, музичарите кои свират традиционални рогови и тапани – наречени зурли и тапани, коњите ги јаваат зетот и сватовите од неговата тајфа низ селото истовремено почитувајќи ги традиционалните обичаи го со години се прават, се јаде месо на скара, пиво и шишиња со локална ракија.  Музиката, станува константен саундтрак на фестивалот: повик и одговор сплетен од генерации племенски ткаенини. Целата програма на закажани ритуали продолжува и во наредните два дена – секоја придружена со активности на мажи и жени, и девојки и момчиња во традиционални носии. Мажите носат дебели волнени панталони и кошули, а жените носат фустани постари од 300 години, кои се пренесуваат со генерации. Симболичките церемонии вклучуваат и знаме, пукање пушка, бричење на младоженецот на средсело, пешачење до гробиштата за да ги поканат мртвите на свадбата и испраќање на невестата на коњи, со мираз. 

Оваа церемонија е нешто што е само наше. Не може да се одземе, вели Тања Лепческа, чиј брат се ожени минатата година, а бидејќи нејзиниот татко потекнува од Галичник таа е можен кандидат за овогодинешната свадба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.