Њујорк Тајмс: Локации кои треба да ги посетите во 2014, Крушево меѓу нив

Крушево се најде на листата на американскиот весник „Њујорк Тајмс“, за места кои треба да се посетат во 2014 година. Во друштво на Австрија, Намибија, Еквадор, Јужноафриканска Република, Нов Зеланд, Виетнам, Австралија, Холандија, познатиот весник ја смести и Македонија.

Како предлог дестинација е дадено Крушево, а „Њујорк Тајмс“ за Македонија пишува дека сеуште останува како голема неоткриена туристичка дестинација во Европа.

– Куршево е една од најмагичните точки во Македонија. Градот се наоѓа меѓу планини на југозападаот од земјата. Тој е еден од градовите, кои се највисока надморска височина на Балканот и оваа дестинација е погодна за палаглајдеризам, пишува весникот.

Понатака во текстот е наведено дека во Крушево има ниски цени, добри традиционални вили, богата историја, како и шарм кој плени од секој агол.