Свет

„Њујорк Тајмс“ обвини украински магнат за влијание во американската индустрија на цевки

„Њујорк Тајмс“ обвини украински магнат за влијание во американската индустрија на цевки

Именувањето на синот на американскиот потпретседател Џо Бајден за директор во најголемата украинска компанија за производство на природен гас ја размрда јавноста, дури и угледниот „Њујорк тајмс“ објави сторија за бизнис врските на семејството Клинтон со влијателниот украински бизнисмен Виктор Пинчук.

Пинчук кој е зет на поранешниот претседател на Украина Леонид Кучма, одржувал блиски контакти со Стејт департментот во периодот кога Хилари Клинтон беше државен секретар. Фондацијата Бил Клинтон примила 13,1 милион долари донации од Пинчук, поранешниот претседател бил гостин на украинскиот милонер во Јалта, а Пинчук пак бил гостин на роденденската забава на Клинтон во Лос Анџелес, пишува весникот.

Воедно, Украинецот со години наназад го  ангажирал поранешниот политички советник на Клинтон, Даглас Шоен, за 40.000 долари месечно, а од 2011 година, уште пред почетокот на кризата во Украина, Шоен му организирал средби на Пинчук со високи претставници на Стејт департментот. Шоен за Њујорк Тајмс изјавил дека неговите лоби активности биле единствено со цел да се разниша политичката криза која беснее во Украина и немале никакви врски со евентуалните деловни интереси на Пинчук во САД.

Њујорк Тајмс, сепак забележува дека повеќе американски металуршки копмании ја обвинуваат водечката компанија во сопственост на Пинчук – Интерпајл – дека им го загрозува бизнисот со извоз на големо количество на исклучително ефтини челични цевки во САД првенствено наменети за извлекување на природен гас.

Откривањето на нови технологии за извлекување гас и нафта од наоѓалишта кои се сметале за исцрпени ја поттурна гасната индустрија во САД во подем. Некоолку американски металуршки компании од Охајо и Пенсилванија, делови на САД во кои со децении замира индустриската активност, се побуниле поради увозот на стрнаски челични цевки. Тие сметаат дека земји како Украина, Индија, Јужна Кореја и Турција го преплавуваат американскиот пазар во оваа ретка растечка дејност. Овие компании се спротивставиле и успеале да го сречат увзот од Кина и да го убедат Вашингтон да воведе високи царини со обвинување дека кинеските компании вршат дампинг – извоз на цевки со неверојатно ниски цени со цел единствено да го приграбат пазарот за себе.

„Њујорк тајмс обвинува дека контактите на Пинчук со Стејт департментот, и неговите донации за фондацијата Клинтон, можеби имале за цел да се влијае врз американските власти и да се спречи опасноста од воведување на слични давачки и за увозот на украински цевки во САД, со што би се нарушила бизнис интересите на неговата компанија.

Весникот пишува дека Интерпајп веќе не може да извезува во Русија, поради кризата меѓу двете земји и се врти кон САД во обид да го надомести загубениот руски пазар. Освен со фондацијата Бил Клинтон, Пинчук има длабоки контакти во САД, каде е член на бордовите на неколку угледни аналитички центри, како што е Брикинс, близок до администрацијата на претседателот Обама и економскиот тинк-тенк Питерсон.