„Њујорк тајмс“: Пентагон подговува тешко оружје за балтичките држави

Пентагон е подготвен да складира борбени тенкови и пешадиски визола како и друго тешко оружје за повеќе од 5.000 војници во неколку балтички држави со цел „да возврати на можна руска агресија во Европа“, објави Њујорк тајмс.

Весникот наведува дека во случај предлогот да се одобри, тоа ќе биде првпат по Студената војна САД да стационираат тешко оружје во нови членки на НАТО во Источна Европа кои некогаш биле дел од Советскиот сојуз.

Се очекува предлогот да го одобри американскиот секретар за одбрана Еш Картер и Белата куќа пред состанокот на НАТО во Брисел овој месец, наведува весникот повикувајќи се на високи функционери.

Со предлогот се предвидува опрема доволна за околу 150 војници да биде складирана во секоја од трите балтички држави – Литванија, Летонија и Естонија додека опремата доволна за потреби на батаљон од околу 750 војници да биде во Полска, Романија, Бугарија и можеби Унгарија.