Свет

„Њујорк тајмс“: Платени Нацисти убивале за ЦИА за време на Студената војна

„Њујорк тајмс“: Платени Нацисти убивале за ЦИА за време на Студената војна

Во годините што следеле по Втората светска војна, ЦИА и другите американски безбедносни агенции ангажирале најмалку 1.000 нацисти како шпиони за да известуваат во време на Студената војна.

Ова го покажале запистите и интервјуата кои беа објавени во „Њујорк Тајмс“.

Во самата кулминација на Студената војна, во 1950-те раководителите на службите за разузнавање, како што бил Ален Далс од ЦИА и Џеј Едгар Хувер од ФБИ ангажирале нацисти од сите категории за да работат како антисоветски шпиони.

Претпоставките за ваквата поврзаност почнале да се појавуваат уште во 70-те, но со доказите кои сега излегоа на површина се покажува дека поврзаноста на американските власти со нацистите била далеку „подлабока“ од што се претпоставувало.

Ричард Брајтман, професор за холокаустот на Американскиот универзитет и член на владиниот тим за обелоденување на документи за воени слосторства, објаснува дека моралноста во однос на регрутирањето на нацисти ретко кога се земала во предвид.

naci

-Сето тоа било резултат на стравот од претпоставките дека комунистите се моќни и дека ние ги немавме „сите карти во рака“, објаснил тој.

Така ЦИА регрутирала еден поранешен офицер на СС како шпион во 1950-те, иако знаела дека извршил „помали“ воени злосторства.

Дел од останатите регрутирани офицери биле на високи позиции во нацистичката хиерархија, а еден од нив бил и Ото вон Болшвиг кој бил ментор и главен помошник на Адолф Ајхман-творец на атиеврејскиот план „Кончено решение“.

Податоците покјажуваат дека ЦИА после војната не само што го регрутирала како шпион во Европа туку целото негово семејство го преселила во Њујорк.

naci1

Нацистичките шпиони за американските разузнавачки агенции во периодот оф 1950-1960 извршувале најразлични задачи: од опасни до тривијални, па така биле обучени за можен напад врз Русија. Биле ангажирани да ги проучуваат поштенските марки на советскиот блок во потрага за скриени значења или пак да се инфилтрираат во зоните кои биле под руска контрола. Сепак, нацистите се покажале како недораснити за задачите кои им биле доверени.

Биле одговорни за смртта на 60.000 луѓе, а од ЦИА добивале плата од 1.700 долари и две штеки цигари

naci3

Кога американското Министерство за правда подготвувало обвинение за високорангираните соработници нацисти од Бостон, како што бил Александар Лилеикис, ЦИА вмешала прсти…

Во самите документи на ЦИА било наведено дека Лилеикис бил поврзан со масакарот на 60.000 евреи во Литванија, убиени со автоматски пушки. За време на војната тој работел како дел од Гестапо, а се претпоставува дека бил поврзан и со убиствата на ереите од Вилјунса.

И покрај тоа, ЦИА го ангажирала во 1952 година како шпион во Иточна Германија, за плата од 1.700 долари годишно и по две штеки цигари месечно.

Кога почнала истрагата, ЦИА не сакала овие податоци да излезат во јавност па предложила договор: Ако Агенцијата биде приморана да одбие да ги приложи документите, Обвинителството ќе се откаже од постапката.

Сепак, тоа не се случило, но ЦИА пред Конгресот сокрила се што знаела во врска со Лилеикис.