Њујорк тајмс: Проруските демонстранти воопшто не се Руси

Ситуацијата во украинскиот град Одеса и денеска е напната, бидејќи во неделата проруските активисти го зазедоа седиштето на полицијата, а синоќа на улиците со собраа и илјада приврзаници на украинската власт.

Њујорк тајмс објави дека групата која во Славјанск се противи на новата власт во Киев не се воопшто Руси, туку Украинци кои не веруваат во новиот режим и се противат на западните сили кои ги поддржуваат.

Новинарот на Њујорк тајмс ги посети „силите на самоодбраната“ во нивниот камп и заклучи дека се работи за група Украинци.

Вчера, повеќе од 2000 припадници на проруските сили го нападнаа седиштето на полицијата во Одеса, каде што во петокот загинаа 40 лица, главно од прорускиот табор.

Под притисок на нападите полицијата во неделата ги пушти оние кои ги уапси во петокот, по судирот со проруските сили и приврзаниците на единствената Украина.

Притоа синоќа пред седиштето на полицијата се собраа приврзаници на власта во Киев, меѓу кои биле и 50 припаднции на националистичкото движење „Десен сектор“. Тие извикуваа „Одеса во Украина,“ и „Слава на Украина“.