„Њујорк тајмс“ направи психолошка анализа на Владимир Путин

Американскиот весник „Њујорк тајмс“ направи психолошка анализа на Владимир Путин. Според наводите на американсците руската интервенција во Сирија може лесно да се објасни. Таа се должи „на стравот на Владимир Путин од немоќната државна власт“.

Падот на Брлинскиот ѕид кај Путин предизвика чувство на немоќ

„Тајмс“ пишува дека тој страв кај Путин за прв пат се родил во ноќта на 5-ти декември 1989-тата година. Тогаш Путин како припадник на КГБ ги гледал илјадниците исочногермански граѓани во Дрезден како го завземаат седиштето на Штази, односно тајната полиција.

Тогаш младиот официр на руската тајна полиција го гледал падот на Берлинскиот ѕид, додека руското влијание во Источна Германија било на апарати за преживување.

Падот на Брлинскиот ѕид кај Путин предизвика чувство на немоќ
Падот на Брлинскиот ѕид кај Путин предизвика чувство на немоќ

Без разлика на релативно мирното завземање на седиштето на Штази, Путин тие демонстранти ги сметал за опасни и пореметени, пишува „Тајмс“ и додава дека како млад официр на КГБ, Путин се чувствувал виновен за пропаста на Источна Германија.

„Се чувствувам дека сум лично виновен за завземањето на таа зграда“, наводно му рекол Путин на неговиот стар пријател Сергеј Роулдугин. Источна Германија наскоро исчезна, по што следеше и крахот на СССР.

Путин изјави дека Советскиот сојуз боледува од парализа на моќта. Таа дијагноза била главен мотиватор на консолидацијата на моќта за време на политичката кариера на Путин, а може и одлично да ја објасни руската воена интервенција во Сирија, анализира „Њујорк тајмс“.

Весникот понатаму нагласува дека сенките од масовните протести и владеењето на масите го прогонуваат Путин за време на целата негова кариера и ги споредува масовните протести во Источна Германија со оние во Сирија во 2011-тата година кога „демократски ориентираните граѓани“ се побуниле против Асад.

Протестите во Сирија се финансирани со американски пари

Путин ваквите протести ги смета за незаконска узурпација на авторитетот на власта. Таквите демонстрации се противат на уверувањето на Путин дека државната власт е над се и над сите.

Политичките и општествени проблеми растеа за време на долгиот временски период во овој регион и секако дека луѓето сакале промени. Но што беше крајниот резултат на сето тоа? – праша Путин во своето обраќање во ОН.

putin-jelcin-1

И навистина ако се има во предвид она што следеше по „демократските револуции“, пред се по падот на Хусеин и Гадафи, се граничи со ужас.

Распадот на Советскиот сојуз и хаосот што следеше потоа, кај Путин разви лошо мислење за неограничената демократија, но и за карактерот на неговите сограѓани. Протестите што го забрзаа распадот на Советскиот сојуз го оставиле рамнодушен, но одговорот на Јелцин на уставната криза во 1993-тата година во него создаде некој вид воодушевување кон тогашниот претседател. Имено, Јелцин ја повикал војската да му помогне во решавањето на кризата, која ја гранатирала дури и зградата на рускиот парламент. Ваквиот цврст став му се допаднал на Путин, пишува „Њујорк тајмс“.

Поуките што Путин ги извлекол од владеењето на Јелцин се дека само цврстата државна власт може да ја сочува Русија од економскиот и политичкиот хаос на 90-тите. Рускиот народ заостанал, неможе да се прилагоди на демократијата како што тоа беше во вашата земја. Им треба време, наводно рекол Путин на состанокот на странските академици.

Американската поддршка за обоените револуции во поранешните советски републики, Грузија 2002, Украина 2004, Киргистан 2005-та година, за Путин била доказ дека Американците водат политика на рушење на власта во државите што некогаш биле под руско влијание.

Граѓанската војна во Сирија последен од низата конфликти

Путин смета дека граѓанската војна во Сирија е само последен во низата конфликти што настануваат по рушењето или заслабнувањето на централната власт по пат на американската агресија. Ако ја погледнеме историјата на американските интервенции само во последните 20 години, тоа убедување се чини сосема оправдано.

Протестите во Украина кон крајот на 2013-та и почетокот на 2014-тата предизвикале страв дека странската агресија пред или потоа ќе дојде и до Кремљ.

Секој граѓанин има право да го изрази сопственото мислење за одлуките што ги носта политичарите, но тоа мислење мора да го изрази во рамки на законите, рече во коментар за украинските протести Путин.

Путин го искористи бегството на украинскиот претседател Виктор Јанукович за присвојување на Крим и за поддршка на вооруженото востание на истокот на Украина. Голем број експерти и аналитичари се обиделе да ја објаснат руската интервенција во Сирија како одговор на домашниот економски притисок и ниската цена на нафтата, но и како одвлекување на вниманието од украинскиот конфликт или утврдувањето на руските позиции на Блискиот Исток, пишува „Тајмс“.

Нациите не би требало да бидат присилувани да прифатат некој модел на развој само затоа што некој го прогласил за правилен
Нациите не би требало да бидат присилувани да прифатат некој модел на развој само затоа што некој го прогласил за правилен

Американскиот весник додава дека суштината на интервенцијата е во Путиновата одбрана на принципот дека државата е семоќна и дека таа треба да се брани од ордата демонстранти и побуненици. Тоа е истовремено порака што се однесува на Сирија, но и на самата Русија, што можеби најдобро се илустрира со дел од говорот на Путин во ОН.

Нациите не би требало да бидат присилувани да прифатат некој модел на развој само затоа што некој го прогласил за правилен. Советскиот сојуз истовремено се обидуваше да изведе разни општествени експерименти, барал промени во другите држави по идеолошки основи, а тоа доста често имало трагични последици и деградација на условите за живеење наместо напредок, рече Путин на Генералното собрание на ОН.