„Њујорк Тајмс“: Војната е значаен фактор за економскиот раст

Слабата побарувачка, се поголемата нееднаквост и исчезнувањето на средната класа, преголемата регулација, нееднаквоста, конкуренцијата од Кина, нееднаквата инфраструктура, недостатокот на идеи… Сето ова се причини што во изминативе години економските експерти се обидуваат ги објаснат што стои зад спорото опоравување и слабиот раст на најјаките светски економии.

Во последно време, се почесто се споменува мирот како аргумент поради кој има економска стагнација.

Помина долго време откако целиот свет беше дел од голема Светска војна, а како што објаснува професорот за економија Тајлер Ковен за „Њујорк тајмс“, според информациите од воениот судир во Ирак и Јужен Судан, се добива слика дека светот денеска е прилично крваво место, а бројот на жртви сепак не е голем во споредба со десетиците милиони убиени во текот на двете Светски војни во првата половина од 20-от век. Дури и во војната во Виетнам, страдале поголем број на луѓе од било која војна по неа.

Колку сето ова да звучи неверојатно, можно е светскиот мир да ја оневозможува потребата од постигнување на висок еконмски раст, па со самото тоа веројатноста дека ќе расте економијата се намалува. Тоа, не значи дека војните сами по себе ќе придонесат кон подобрување на ситуацијата, со оглед на тоа дека војните носат дестабилизација и голем број на жртви.

Тајлер Ковен, потенцирал дека оваа теза не траба да се поврзува со кејнесианскиот аргумет, според кој подготовките за војна нужно носат зголемување на јавната побарувачка, а со тоа и автоматски се зголемува потребата од нови работни места. Спротивно на тоа, тој тврди дека војната ги наведува владите да бидат фокусирани, па носат исправни одлуки. Тоа може да се однесува на инвестирање во науката или едноставно, на либерализација на економијата. Таквиот фокус, тврди Ковен, има долгорочни ефекти врз подобрување на економијата.

Можеби изгледа дека е нереално да се пронаоѓа нешто позитивно во војната, но доколку се погледне низ историјата на САД, може да се заклучи дека гореспоменатата теза не може лесно да се отфрли.

Фундаменталната иновација, како што е нуклеранта енергија, компјутерите, современите летала, настанале за време на II Светска Војна, или пак за време на Студената војна.

Интернетот е измислен како мрежа со која на САД требала да и послужи за одбрамбени цели во случај на нуклеарен напад. Лансирањето на Спутник во САД предизвика голем интерес за науката и технологијата, а како последица на тоа се зголемил економскиот раст.

Да не биле војните, никогаш не би бил започнат проектот „Менхетен“. Во склоп на тој проект за 6 години е произведена атомската бомба, а се’ почнало, практично од нула. Тој проект го зголемил БДП на САД.

Ситуацијата е слична и кај европските економии на поголемите држави, кои и денес растат многу споро. Најголем број од тие држави немаат причина да се плашат дека некој воено ќе ги нападне а тамошните политичари не се соочени со големи казни, поради континуираната стагнација, наведува професорот.

Од друга страна пак, Јапонија е соочена со територијални и геополитички притисоци од Кина, а тамошниот премиер, Шинѕу Абе како одговор нуди дека специфичната економска политика има за цел да направи национална ревитализација.

Историчарот, Иан Морис, пред некое време ја „оживеа“ хипотезата дека војната е значаен фактор за економскиот раст. Во својата книга „Војна! Зошто воја. Судирот и напредокот на цивилизацијата од примати до роботи“, тој дава примери од Римското царство, од Европа за време на Ренесансата и од САД во современиот свет. За секој пример изнесува и докази дека подготовките за војна резултираат со иновации во областа на технологијата.

Слична теза, застапува и британскиот парламентарец Кваси Кватенг во книгата „Рај и злато: 500 години историја на империите“, во која како пример го зема пазарот на капитал.

Постојат и други слични книги и сите се повикуваат на примери од историјата, а денес сепак се наоѓаме во еден поинаков свет со поинакви услови, за разлика од условите кои владееле за време на двете Светски војни.

Со голед на тоа што технологијата е толку напредна, нова светска војна денес би имала незамиливо пострашни последици, поради кои и веројатноста за избивање на нова светска војна е многу мала.

Тајлер Ковен наведува и позитивни последици кои ги носи светскиот мир. Освен мирот кој сам по себе е незамнелив, тука е и чистата околина, како и поголемото време кое луѓето можат да си го посветат самите на себе и на семејствата.

Предноста да се живее во свет во кој нема војни, е тоа дека иако има раст на БДР од 2% за разлика од БДП за време на војна кој е 4%, сепак фактот дека не умираат луѓе е незаменлив.

Сепак, се поставува прашањето, дали моменталниот светски мир е само еден балон кој може да пукне во секој момент?