Њујорк: Во пожар изгореа 7 деца

Седум деца погинаа во пожар што рано утринава избувна во еден стан во Бруклин, соопштија претставници на локалната власт.

Настраданите деца се на возраст меѓу пет и 15 години и се верува дека се членови на едно семејство, извести телевизијата „Фокс њуз“.

Портпаролот на њујоршката противпожарна служба, Џим Лонг, изјави дека во пожарот има и две повредени лица и дека нивната состојба е критична.

Повеќе од 100 пожарникари учествуваа во гасењето на пожарот во авенијата Бедфрод, додаде Лонг.

Засега нема информации за причината за пожарот, а истрага е во тек.