Њујоркшката берза најави почеток на тргување со биткоини

The Intercontinental Exchange (ICE), сопственици на Њујоршката берза (NYSE) најавија дека во ноември годинава ќе почне да тргува со тргувањето фјучерси на криптовалутата биткоин. За таа цел ќе формира посебна нова компанија која, според светските бизнис медиуми, ќе има мисија да ги форсира биткоинот и дигиталните валути.

Новата платформа за тргување биткоин- Bakkt, која е развиена во соработка со Microsoft, Starbucks и BCG,
ќе го интегрира американскиот пазар на фјучерси кој го управува ICE со клириншка куќа, а се уште се чека дозвола од американските пазарни и финансиски регулатори.

Аналитичарите велат дека ова формално “покровителство” на ICE врз берзанското со биткоин би можело институционалните инвеститори, големите пензиски фондови и осигурителни компании да ги направи помалку скептични кон инвестирањето во криптовалутата.

Bakkt е дизајниран така да овозможи флексибилни влез во трговијата со биткоини за институционално, комерцијално и потрошувачко учество во дигиталнииот имот преку промовирање на поголема ефикасност, сигурност и корисност, изјави Кели Лефлер, извршниот директор на Bakkta.

Цената на биткоинот е 7.500 американски долари, а највисоката цена беше 20.000 американски долари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.