Њујоршкиот суд осуди Пакистанец за терористички напади

Суд во Њујорк вчера прогласи за виновен Пакистанец, член на Ал Каеда, за учество во подготовка на напади во САД и Европа.

Абди Насир (28), кој е екстрадиран од Велика Британија, може да биде осуден на доживотен затвор, соопшти федералната полиција, без да објави датум за читање на пресудата.

Федералниот суд во Бруклин вчера го прогласи за виновен Пакистанецот за подготовка на напади во 2009 година во њујоршкото метро, во трговски центар во англискиот град Манчестер и врз редакција во Копенхаген.

– Абид Насир бил дел од терористички заговор на Ал Каеда врз западни држави, особено САД и Велика Британија, изјави заменикот главен обвинител Џон Карлин.

Абид Насир најпрво е уапсен во 2009 година во Северна Англија во антитерористичка операција заедно со 11 лица, осомничени за подготовка на напад во Манчестер. Подоцна сите се ослободен поради недостиг на докази. Тој повторно е уапсен на 7 јули 2010 година по наредба на САД за подготовка на напад врз метрото во Њујорк.