Нуланд: Санкциите воведени кон Русија веќе почнуваат да делуваат

Викторија Нуланд, помошник на американскиот државен секретар на вчерашната безбедносна конференција во Братислава рече дека досега воведените санкции кон Русија  веќе почнале да делуваат“ и дека е особено важно жителите на источните региони од Украина да добијат прилика да гласаат на претстојните претседателски избори.

Министрите за надворешни работи на ЕУ овие денови наговестија како секое нарушување на тие избори, закажани за 25 мај, може да доведе до нови економски санкции против Русија.

Њуланд рекла дека доколку изборите на 25 мај не се реализираат и доколку Русија продолжи со „улогата на дестабилизатор“, ќе бидат воведени нови, секторски економски санкции.

„А ние веруваме дека и оние досега воведените веќе почнале да делуваат“ – додала таа.

Признавајќи дека украинските претседателски избори „ не ќе биде можно да се организираат на Крим“, Њуланд напоменала како тоа ќе биде тешко во некои области на истокот од Украина, но бидејќи властите на оваа земја веруваат дека ќе можат да ги одржат изборите „ во најголемиот дел“ од доњецкиот и луганскиот регион.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.